Групата КИ од Куманово победник на музичкиот фестивал во Ровињ

Групата КИ од Куманово е победник на 9. Музички фестивал во Ровињ, кој се одржа од 27 до 30 декември и на кој настапија бендови од Хрватска, од Босна и Херцеговина и од Македонија.

Во конкуренција на демо составите „Tale Quale“ од Мостар (БиХ), „Lorelei“ од Карловац и „Negdje izmedju“ од Пула, кумановци добија најмногу гласови од четиричленото жири.

За победата групата КИ е наградена со 5.000 хрватски куни, a обезбеди и покана за јубилејното десетто издание на фестивалот в година.

На фестивалот, кој за четири дена го посетиле повеќе од 2.500 љубители на музиката, надвор од конкуренција настапи и „Атомско склониште“.

January 2, 2018 Source: expres

Share:

Leave a Reply