„Ки“ од Куманово во финалето на „Демофест 2016“

Скопје, 23 јули 2016 (МИА) – Македонскиот електро арт бенд „Ки“ од Куманово влезе во финалето на најпрестистижниот балкански фестивал за демобендови „Демофест“ и вечер ќе настапи заедно со другите 11 финалисти на тврдината Кастел во Бања Лука.

– По 2,5 години поминати во студио, навистина понесува енергијата што ја споделивме со публиката овде, изјави пејачот и гитарист Александар Краљевски по прогласувањето на финалистите.

Бендот „Ки“ во состав Краљевски, Марко Петровски – бас гитара, Милош Краљевски – тапани и Даме Јовановски – клавијатура, сајзер, е основан кон крајот на минатата година. Кон светскиот звук на бендот придонесува и Марко Николовски – диџеј, кој во сопствен аранжман бележи успех и на европската сцена.

„Ки“, чија музика е надополнета и со поигрување на музички жанрови, но и со автентични текстови, планира да го издаде својот прв албум во 2017 година.

„Демофест“ се одржува 9. пат, а се смета за најдобро организиран фестивал од ваков тип во регионот, со одлични можности за младите бендови. Во вечерашното финале настапуваат „3 капљице“ (Нови Сад), „Ки“ (Куманово), „Многи други“ (Загреб), „МултиКулус“ (Бања Лука), „Пиг Поп“ (Загреб), „Сила нечиста“ (Солин), и бендовите од првото полуфинале „Дегенеза“ (Белград), „Ист Тајм“ (Фоча/ Сараево), „ЕоТ“ (Карловац), „Кдџо“ (Бања Лука), „Летарг“ (Копривница) и Сеине (Вараждин).

Победникот ќе биде награден со снимање и продукција на албум во висина од 5.000 евра, додека втропласираните и третопласираните добиваат бинска опрема во вредност од 2.000, односно 1.000 евра.

Како што најави директорката Бранкица Јанковиќ, фестивалот традиционално ќе ја врачи и наградата „Плави бас“ на најдобриот басист во соработка со компанијата „Џек Даниелс“,

Во првата полуфинална вечер настапи и скопската група „Колт“ која не обезбеди влез во финале.

Source; idividi

Share:

Leave a Reply