Кумановците „Ки“ го објавија својот прв сингл „Град“

Непосредно после учеството на годинешното издание на фестивалот за демо бендови, „Демофест“ во Бања Лука, кумановскиот бенд „Ки“ го објави својот прв официјален сингл насловен „Град“. И покрај тоа што не овоија ниту една награда на популарниот фестивал, кумановците беа очигледни фаворити, а медиумите во регионот имаа само пофални зборови за талентираните музичари.

13879241_661068694068961_2587120759612537737_n

Бендот „Ки“ е формиран на почетокот на минатата година, но иако е релативно нов, влече богато искуство од претходниот состав „Ептен“, по чие распаѓање членовите се собраа под ново име. Ги краси електро арт звук, за кој се заслужни Марко Петровски (бас гитара), Милош Краљевски (тапани), Александар Краљевски (вокал и гитара) и Даме Јовановски (клавијатура и синтисајзер), а за светскиот призвук на бендот „Ки“ придонесува и Марко Николовски (диџеј, електроника, семплови). Поигрувајќи се со музичките жанрови, „Ки“ носи несекојдневен звук со автентични текстови, а сето тоа ќе биде сместено на нивниот прв албум, кој планираат да го објават на почетокот на следната година.

13925422_661068934068937_5947487014080983553_n

„’Ки’ е трагач, бегалец од безличноста на светот кој го опкружува. На пат од кој нема назад, без кормилар на бродот, препуштен единствено на ветерот и неговата имагинација, тој полови кон својот остров, од другата страна на умот, каде разумот е ништо освен слуга на ирационалното. Неговиот брод е совршено опремен и насочен во правец кон непознатото, далеку од сè, а најмногу од привидниот ред кој владее во светот околу него. За разлика од совршенството на неговиот брод, тој е свесен за неговото несовршенство, но успева од истото да создаде свет доволен самиот на себе, во кој има место за секој што сака да биде дел од него.“

12987132_611701659005665_1765884832451603433_n

Новата песна е снимена во студиото „ММ продакшн“ во Куманово, миксот е на Борче Кузмановски и Милош Краљевски, мастерингот го направи самиот Борче, а продукцијата е заедничка со Александар Краљевски. Придружни вокали се Никола Богатиновски, Драган Тајковски, Јован Хаџи Тасиќ, Филип Михајловски, Емил Пацковски и Кристијан Стојановиќ, а насловната фотографија е дело на NASK 041.

Како звучи првенчето на талентираните кумановци можете да слушнете во продолжение. Уживајте!
Source: RadioMK

Share:

Leave a Reply